26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска: Невработеноста непрекинато расте

Финска: Невработеноста непрекинато расте

S

Невработеноста во Финска во март достигна 8,6 проценти, што е највисокото ниво во последните четири години, соопшти Националниот завод за статистика.

Толкава стапка на невработеност во Финска последен пат е забележана во март 2010 година, пренесува АФП.

Постојаниот раст на невработеноста во оваа земја е присутен од јуни 2013 година.

Невработеноста особено меѓу младите од 15-24 години изнесува 20,8 проценти, што е за 0,9 проценти повеќе од минатата година, а за два проценти повеќе отколку пред две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП