27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот трговски центар во западна Македонија "Палма Мол" официјално започнува со работа...

Најголемиот трговски центар во западна Македонија “Палма Мол” официјално започнува со работа на 30 април

palmamall-naslovna

Новиот трговски центар “Палма Мол” кој се наоѓа пред самиот влез во Тетово, покрај автопатот, свечено ги отвора вратите за своите посетители на 30-ти овој месец.

На свеченото отвoрање ќе се реализираат разновидни активности за сите посетители. Настанот е замислен како низа активности преку целиот ден, кој ќе финишира со централен преформанс во вечерните часови.

Palma Mall -Adelina I Sara

Гости на официјалното отворање ќе бидат и познатите музички ѕвезди Аделина и Сара Мејс, кој воедно се заштитни лица на кампањата на “Палма Мол”.

Новиот модерен трговски центар “Палма Мол” се простира на 32 000 м2 на 3 нивоа и истиот содржи голем број локали меѓу кои се модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, голем салон за бела техника, супермаркет, ресторан и фаст фуд дел, игротека, кино и уште многу други места за забава на посетителите од сите возрасти. Трговскиот центар располага со голем паркинг простор, кој ќе им го олесни пристапот до трговскиот центар на посетителите и истиот ке биде бесплатен.

PalmaMall

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП