26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТимот на Телеком и Т-Мобиле ќе трча на Скопскиот маратон за хуманитарни...

Тимот на Телеком и Т-Мобиле ќе трча на Скопскиот маратон за хуманитарни цели

telekom-glavna-615x400

Вработени во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе учествуваат на Скопскиот Wizz Air маратон, што ќе се одржи на 11 мај, 2014 година. Дваесет вработени во компании од групацијата од Македонија, Црна Гора и Унгарија ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците компанијата ќе донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

„Учеството на маратонот не  е само лична сатисфакција, туку и голем предизвик, зошто од нашата решителност и издржливост ќе зависи висината на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост. Но, тоа е само мотив повеќе и тимот на Телеком и Т-Мобиле ќе даде се од себе да стигне до целта“ – изјави Димитар Ковачевски, директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот.

_TOM9457

Деветнаесет од вработените ќе учествуваат во полумаратонот од 21 километар, а еден во маратонот од 42 километри и доколку сите ја завршат трката, вкупната донација ќе изнесува 11.000 евра.

Донацијата ќе се реализира преку Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, што ги застапува правата и интересите на овие лица на територијата на град Скопје.

maraton-tim-mobile-run-01

„Дневниот центар на ПОРАКА – Скопје  функционира успешно веќе 14 години, но бројот на лицата со интелектуална попреченост е зголемен во изминатите години, а новите простории треба да се адаптираат и реновираат. Со донацијата од Македонски Телеком, ќе се задоволат целосно стандардите за ваков вид на сервисна служба, што е многу важно за квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост“. – изјави Владо Крстовски,  претседател на ПОРАКА – Скопје.

telekom-tim

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП