26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPS4 и натаму расте, продадени 7 милиони примероци

PS4 и натаму расте, продадени 7 милиони примероци

ps4 rast

Компанијата „Sony“ на службениот блог објави дека до 6-ти април продале повеќе од 7 милиони примероци од конзолата „PlayStation 4“ на глобално ниво. Тие со бројки се пофалија и за игрите, кои ги имаат продадено во повеќе од 20.5 милиони примероци.

Најавени се и големи софтверски надоградувања за „PS4“, кои ќе донесат нови можности на конзолата.

Меѓу нив е „SHAREfactory“, видео едитор кој овозможува уредување на бројни снимки од игри и нивно споделување. Корисниците ќе можат да ги соединуваат клиповите, да додаваат ефекти, теми и слично. Покрај споделувањето на „Facebook“, тие ќе можат да се префрлат на „USB“ меморија или да ги споделат на некој друг сервис.

Оние кои сакаат што е можно побрзо да играат нова игра ќе ја имаат и таа можност. Имено, играта која ја имаат нарачано однапред може да ја добијат и неколку дена претходно, а со вклучената опција за автоматско симнување, играта ќе ја добијат веднаш кога ќе биде објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП