27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСер Алекс Фергусон ја продава колекцијата на вина

Сер Алекс Фергусон ја продава колекцијата на вина

Sir Alex Ferguson

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон ќе ја стави на продажба својата збирка од околу 5.000 шишиња вино кои ги има собрано во текот на својата кариера во Манчетсер Јунајтед од1986 до 2013 година кога се повлече од фудбалот.

Вредноста на винската колекција што ја поседува Фергусон се проценува на три милиони фунти. Аукцијата на вината на Фергусон ќе се одржи во мај во Хонг Конг.

– Се надеваме дека аукцијата освен фановите на Алекс Фергусон ќе ги привлече и љубителите на доброто вино, изјавија од аукциската куќа „Кристи“ и додадоа дека на далечниот Исток ќе бидат изложени околу 60% од колекцијата, 30% ќе бидат понудени на купувачите од Лондон, додека остатокот ќе биде понуден за интернет купувачите од целиот свет.

Шкотскиот стручњак за својата пасија да собира вина вели дека започнала при една посета во Франција и дека тоа хоби му помогнало да се справи со ситуациите на стрес при вршењето на менаџерската функција во Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП