26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен имот во француски стил (фото)

Луксузен имот во француски стил (фото)

frat1

Француските патишта се полни со прекрасни замоци во кои некогаш живееле аристократите…

Имотот кој ви го претставуваме овој пат, магијата од Франција ја носи во Колорадо. Со локација во Аспен, место кое е познато како омилена дестинација на бројниот џет-сет, оваа вила со површина од 1.500 метри квадратни е дело на Роберт Штерн и Џо Занина. Изградена е во 1994 година, а содржи пет спални соби, како и осум бањи.

Нејзините потполно опремени ентериери претставуваат врвни луксузни погодности, кои го одбележија 21-от век. Вилата содржи неколку камини, гурманска кујна со одвоен простор за ужина и појадок, библиотека, соба за билјард, џакузи, сауна, спа и теретана. Дел од оваа вила е и затворениот базен, наменет за оние кои сакаат да пливаат дури и во зима.

Покрај нејзините прекрасни ентериери, како дел од овој престижен имот се наоѓа и теренот за ракетбол, како и гаража за три автомобили. Оваа луксузна вила моментално е на продажба по цена од 17.500.000 долари.

frat2

frat3

frat4

frat5

frat6

frat7

frat8

frat9

frat10

frat11

frat12

frat13

frat14

frat15

frat16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП