Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска пред бизнис заедницата ќе ги презентира новите мерки за поттикнување на вработувањата во 2014 година.
Со претставници од бизнис секторот, од бизнис здруженија и занаетчиски комори, Спасов ќе говори и за можностите за вработување на лица со попреченост и млади лица до 29 години.