26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДанте ја продолжи верноста со баварците

Данте ја продолжи верноста со баварците

dante-bayern-cl

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Данте потпиша нов договор со клубот кој ќе биде со важност до 2017-та година, а неговиот актуелен договор е до 30-ти јуни 2016-та година.

Во изминатиот јануарскиот преоден рок Бразилецот беше на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед, но сепак до договор не дојде. Ова најверојатно го натерало раководството на германскиот шампион да дејствува и да го задржи играчот, кој е еден од главните во шемата на Пеп Гвардиола.

30-годишниот Данте ја игра својата втора сезона во Баерн. Пред тоа тој играше за Борусија Менхенгладбах, Стандард Лиеж, Шарлероа, Лил и Хувентуд.

„Да дојдам во Минхен пред две години беше најважната одлука во мојот живот. Сето тука е убаво – клубот , градот, освојувањето на титули. Баерн е вистинскиот клуб за мене. Затоа барем до 2017-те година ќе продолжам да бидам многу среќен. Верувам дека ни претстојат уште многу успеси“, коментираше репрезентативецот на Бразил.

„Данте беше еден од најдобрите наши трансфери во последните години. Само за една ипол година тој стана главна личност – како на теренот, така и надвор од него. Со него освоивме пет трофеи, а самиот тој си заслужи место во тимот на Бразил за Светското првенство. Среќни сме што Данте останува кај нас“, изјави претседателот на Бордот на директори, Карл-Хајнц Румениге.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП