26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев до Украина: Вратете ни ги парите

Медведев до Украина: Вратете ни ги парите

medvedevdk9wur9023u

Украина би требало да и врати на Русија 16 милијарди долари, бидејќи договорот од Харков станува неважечки, според кој Москва ја снабдува Украина со евтин гас.

Тоа денес на состанокот со претседателот Владимир Путин го изјави премиерот на Русија Димитриј Медведев.

Медведев рече дека договорот од Харков (според кој Русија ја снабдува Украина со евтин гас, а за возврат ја изнајмува поморската база во Севастопол на Крим), станува неважечки и дека Русија според тоа има законско право да бара враќање на парите од Киев.

Медведев на состанокот со Путин рече дека вкупниот дол на Украина кон Русија изнесува 16 милијарди долари, пренесуваат руските медиуми.

Премиерот, исто така, рече дека покрај долгот од 11 милијарди долари за наем на поморската база, Украина и должи на Русија три милијарди долари за неодамнешниот заем и околу две милијарди долари на руската компанија „Gazprom“.

Москва и Киев на 21 април 2010 година го потпишаа Договорот од Харков, според кој наемот на базата за флота е продолжен во наредните 25 години, бидејќи наемот тогаш истекуваше во 2017 година.

Поголемиот дел од Црноморската флота е стациониран на пристаништето во Севастопол на Крим, според договорот за наем со Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП