27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската банка годинава на Украина ќе и додели три милијарди долари

Светската банка годинава на Украина ќе и додели три милијарди долари

dollar-bill

Светската банка соопшти дека има намера годинава да и помогне на Украина со три милијарди долари, што ќе бидат одобрени за развојни проекти, пренесе ДПА.

Во соопштението на претседателот на Светската банка, Џим Јон Ким, се наведува дека банката добила молба за помош од привремената украинска Влада и „дека е подготвена да продолжи да му помага на украинскиот народ во спроведување на крајно неопходните реформи во економскиот сектор“.

Приоритети ќе бидат економската стабилност, банкарското работење, енергетиката и инвестициите, борбата со корупцијата, поефикасната помош за сиромашните и ранливите групи.

Светската банка со Украина веќе реализираат проекти во вредност од вкупно 3,7 милијарди долари.

Тие, меѓутоа, се поврзани со давањето државни услуги во сферата на станбено-комуналната инфраструктура и развојот на транспортната мрежа, забележува ИТАР-ТАСС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП