Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 5,345 милијарди денари, што е за 111,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, градежната оператива од Република Македонија, минатата година во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 928,1 милиони денари, што е за 59 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Босна и Херцеговина, Швајцарија и Србија.