27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд терет на Европа до нејзин мотор

Од терет на Европа до нејзин мотор

shpanija1

Шпанија ќе ја подигне прогнозата за економски раст на еден процент за оваа година и на 1,5 проценти за 2015 година, изјави премиерот на земјата, Маријано Рахој.

Моменталната прогноза за растот за 2014 година изнесува 0,7 проценти, откако шпанската економија минатата година потона за 1,2 проценти за време на борбата со последиците од „пукањето на балонот“ на пазарот за недвижности од 2008 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Четвртата по големина економија во еврозоната во третиот квартал од 2013 година се извлече од рецесија со економски раст од 0,1 процент, најмногу благодарениe на растот на извозот. Рахој наведува дека за извлекувањето на земјата од рецесија заслужни се тешките економски реформи и мерки за штедење кои ги започна неговата конзервативна влада.

„Шпанија беше терет на Европа, сега е нејзин мотор“, рече премиерот во говорот во парламентот.

„Веројатноста дека ќе бараме меѓународна помош, дека ќе излеземе од еврозоната, дека ќе изгубиме доверба – повеќе не е опција“, рече Рахој.

Иако избегна да бара поширок пакет на финансиска помош во средината на 2012 година, шпанската влада морала да побара 41,3 милијарди евра вреден заем од еврозоната за да ги спаси своите слаби банки, оптеретени со високо ниво на ризични средства.

Рахој, исто така, рече дека владата оваа година очекува раст на вработеноста. Стапката на невработеност моментално изнесува нешто над 26 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП