27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо завршна фаза изградбата на инфраструктурната мрежа во индустриската зона „Раброво“ кај...

Во завршна фаза изградбата на инфраструктурната мрежа во индустриската зона „Раброво“ кај Валандово

valandovo32

Општина Валандово во најкус временски рок го исполни својот дел од обврските за изградба на инфраструктурна мрежа во индустриската зона „Раброво“ каде работите се во завршна фаза.

Во зоната се изградени атмосферска и фекална канализација во должина од 2 километри, водоводна мрежа и мрежа за електрична енергија, а моментно на тампонираните патишта се поставуваат рабници по што ќе следи асфалтирање како завршна операција.

„Пред четири години почнавме да го планираме овој проект кој за нас беше приоритетен откако увидовме дека невработеноста ни е голем проблем. На сите што ќе градат тогаш им ветивме бесплатни комуналии доколку вработат над 100 лица. Моментно работат четири конфекции со 450 вработени, а во изградба се уште четири објекти“, рече градоначалникот на Валандово,Николче Чурлиновски кој најави дека во наредните две години треба да се изградат сите расположливи парцели во „Раброво“.

Тогаш, потенцира Чурлиновски, во индустиската зона ќе работат 1.000 лица со што процентот на невработеност во општина Валандово од сегашните 28 отсто ќе се намали на 15 отсто. За реализацијата на проектот општина Валандово потроши 10,5 милиони денари буџетски средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП