27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ започна процедура поради прекумерниот државен дефицит на Хрватска

ЕУ започна процедура поради прекумерниот државен дефицит на Хрватска

eucroatia1

– Советот на министри за финансии на Европската унија денеска започна процедура поради прекумерниот државен дефицит за Хрватска, како и објави препорака за мерки што треба да се преземат со цел да се намали дефицитот до 2016 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Советот на министри се согласи со ставовите на Европската комисија дека Хрватска не ги исполнува критериумите на ЕУ за дефицит и долг.

Според податоците на хрватските власти, државниот дефицит на Хрватска за 2013 година бил значително над три проценти од Бруто домашниот производ (БДП), што е лимитот поставен од ЕУ, а се претпоставува и дека ќе се зголеми и во 2014 и 2015 година. Според есенската економска прогноза за 2013 година на Комисијата, дефицитот на Хрватите се очекува да се зголеми до над шест отсто од БДП во периодот 2013-2015, доколку не бидат преземени корективни мерки.

– Ова е делумно се должи на тешката економска криза. Советот проценува дека иако проектираниот вишок над референтната вредност е исклучителен, тоа не може да се смета за привремено. Есенската прогноза на Европската комисија оцени дека јавниот долг на Хрватска достигна 59,7 проценти од БДП во 2013 година. Во неизменетото политичко сценарио, се очекува во 2014 година долгот да се искачи над 60 отсто од БДП, што е референтна вредност за државен долг на ЕУ, се наведува во соопштението на Советот на министри за финансии на Унијата.

Предвидувања и на хрватските власти и на службите на Комисијата потврдуват тренд на пораст на задолжувањето на најновата земја-членка на ЕУ, што се припишува на продолжувањето на високиот дефицит и слабата економска активност, па се очекува тој да продолжи во текот на идните прогнози. Па, оттука, критериумот за долг поставен од Унијата не е исполнет.

Советот во својата препорака ја повикува Хрватска да го поправи дефицитот до 2016 година. Се поставува дефицитна цел на 4,6 отсто од БДП за 2014 година, 3,5 за 2015 година и 2,7 проценти од БДП за 2016 година, што би било во согласност со годишното подобрување на структурната рамнотежа од 0,5 проценти од БДП во 2014 година, 0,9 во 2015 и 0,7 отсто од БДП во 2016 година.

Советот утврди рок до 30 април 2014 година за Хрватска да преземе ефективна акција и да претстави детали од консолидациската стратегија што предвидува да ја преземе со цел да се постигнат поставените цели.

– Советот ги повикува хрватските власти да спроведат темелен преглед на трошоците, да се подобри фискалното оданочување и да се зголеми ефикасноста на нејзината даночна администрација, како и подобрување на институционалната рамка на јавните финансии. Ги повикуваме хрватските власти да спроведат структурни реформи, особено за проблемот со ригидноста на пазарот на труд и неповолната деловна клима, како и да го подобрат квалитетот на јавната администрација, со цел да се промовира потенцијален раст на БДП, се наведува во соопштението од Советот на министрите за финансии.

Хрватска стана 28 земја-членка на ЕУ на 1 јули минатата година и е првата што за толку кусо време, за само шест месеци, влезе во процедура за прекумерен државен дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП