8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан со прв подарок за Сидорф

Милан со прв подарок за Сидорф

esien

Раководството на Милан го доведе Мајкл Есиен од Челзи. Ова е првиот фудбалер кој пристигна во клубот од доаѓањето на новиот тренер Кларенс Сидорф.

31-годишниот репрезентативец на Гана потпиша договор за една и пол година, па така тој ќе биде дел од „росонерите“ до 30-ти јуни 2015-та година. Поранешниот фудбалер на Лион и Реал Мадрид доаѓа без пари во Милано, бидејќи се договорил со Жозе Мурињо и раководството на „сините“ да ја прекинат соработката.

Уште вчера Милан се договори за личните услови на Есиен, кој веќе неколку години е силно посакуван од Адријано Галијани. Италијанскиот гигант му предложил две варијанти на Челзи да го земе под наем до крајот на сезоната и двата клуба да ја делат неговата плата или да го земат веднаш, ако тој биде ослободен од лондончани.

Есиен може да игра во Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид во осминафиналето, откако не зеде учество за „сините“ на турнирот во оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП