27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлкохолните пијалоци можат да бидат лек

Алкохолните пијалоци можат да бидат лек

pijaloci alkohol

Алкохолните пијалоци, особено црвеното вино, доколку се конзумираат во умерени колични, може да бидат лек за многу болести, тврди новинарот Тони Едвардс кој проучувал многубројни студии на оваа тема.

Во книгата „The Good News About Booze“, тој истакнува дека алкохолните пијалоци, а особено црвеното вино, можат да бидат добар лек против настинка, проблеми со срцето, но и проблемите со либидото.

За потребите на книгата, Едвардс проучил многу студии кои се објавени ширум светот, меѓу кои и истражувањето на научниците од Универзитетот Хардвард кои во текот на 12 години следеле 12.000 мажи кои боледуваат од висок притисок.

Резултатите од оваа студија покажале дека мажите кои конзумираат (умерено) црвено вино имаат помали шанси да доживеат срцев удар. Тие сметаат дека виното штити и од појавата на рак.

Имено, жените кои секојдневно пијат вино имаат 42 проценти помали шанси да заболат од рак на дојката, додека мажите кои неделно ќе испијат четири чаши вино ја намалуваат опасноста од развојот на рак на простата, желудникот и дебелото црево.

Канадски научници констатирале дека лицата кои повремено ќе се напијат вино имаат 13 проценти помалку шанси да заболат од дијабетис.

Остеопорозата, од која честопати страдаат постарите луѓе, може исто така ефикасно да се спречи со редовно внесување на некоја чашка жесток пијалок. Црвеното вино е ефикасно и во борбата против настинката.

Едвардс тврди дека една чаша бело вино е доволна за елиминирање на сите симптоми и за 88 проценти ги намалува шансите за повторна настинка.

Алкохолните пијалоци, можат, исто така да го подобрат либидото. Истражувањето кое во 2009-та година го спроведоа италијанските научици, откри дека жените кои редовно пијат вино имаат исполнет сексуален живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП