27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвајца добитници на лото ќе поделат 130 милиони евра

Двајца добитници на лото ќе поделат 130 милиони евра

tickethandeuro

Двајца среќни добитници од Шпанија и Франција ќе поделат повеќе од 130 милиони евра, како премија извлечена на лото ЕвроМилиони.

Организаторите на лотаријата соопштија дека секој ќе добие по 65 милиони евра.

Добитниците имаат рок од 60 дена да се јават и да ја преземат премијата.

Во играта ЕвроМилиони која е покрената во 2004 година сега учествуваат девет земји ширум западна Европа:

Австрија, Белгија, Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.

Рекордната добивка е излвечена во август 2012 година и изнесуваше 190 милиони евра, а припадна на британската брачна двојка Едријен и Џилијан Бејфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП