26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку можеме да потрошиме за празниците кога всушност пари немаме?

Колку можеме да потрошиме за празниците кога всушност пари немаме?

prazennovchanik1

Како и секој пат пред крајот на годината, во трговските центри настануваат големи гужви поради масовното купување на новогодишните подароци. Од друга страна, судејќи според статистиката куповната моќ на нашите граѓани е опадната на најниското ниво. Имено, просечната сметка во продавниците за оваа година изнесува 200 денари.

Ако еден просечен граѓанин во Македонија го прашате дали ќе слави Нова година, најчестите одговори кои ќе ги добиете е дека не му е до славење бидејќи едвај поврзува крај со крај. Тоа го потврдува и просечната сметка за дневното купување која во целата земја не изнесува повеќе од 150 денари. За поклоните често се извојува последниот денар, но на дневните потреби се штеди.

Продавачите на техничката стока велат дека овој период од година е единствениот период во кој тие сигурно имаат работа. Тие велат дека најмногу се продаваат телевизорите, бидејќи главно најголем дел од луѓето новгодишните празниците ги поминуваат дома пред телевизорот.

Божиќната и новогодишната грозница го тресат и регионот, па медиумите од Босна и Херцеговина пишуваат како граѓаните на таа земја, без оглед на економската криза, буквално купуваат се пред себе. Во западна Европа и во Америка, сепак, пазарот покажува дека граѓаните штедат, поради што граѓаните, особено во САД, оваа година потрошиле многу помалку пари во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП