26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРос Баркли нема цена!?

Рос Баркли нема цена!?

barkli

Менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез ја предизвика фудбалската јавност на Островот со изјавата дека Баркли не би го пуштил да си замине и кога некој ќе понуди сума слична на онаа за која Герет Бејл беше продаден во Реал Мадрид.

20-годишниот Баркли оваа сезона игра фантастично, тој е еден од најзаслужните за одличните партии на Евертон и според многумина моментално е најдобриот млад играч во Англија.

Медиумите во Англија ја пренесоа изјавата на менаџерот Мартинез која силно одекна на Островот.

„Нема да го продадеме Баркли, дури и кога некој ќе понуди пари колку што Реал даде за Бејл“, изјавил Мартинез.

Тоа значи дека 85 милиони фунти не би биле доволни!

Рос Баркли со гол од слободен удар во финишот од средбата со Свонси им ги донесе трите бода на „карамелите“, а тоа беше неговиот трет гол оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП