26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал нема да го продава Ди Мариа, барем до лето

Реал нема да го продава Ди Мариа, барем до лето

Real Madrid v Borussia Dortmund - UEFA Champions League Semi Final: Second Leg

Анхел Ди Мариа останува дел од Реал Мадрид, барем засега. До пред две недели Аргентинецот беше со едната нога надвор, но според „Марка“, тој е подготвен да ја доигра сезона во „кралскиот клуб“ и да си замине во текот на летото.

Ди Мариа е свесен дека битката за стартното место со Герет Бејл е осудена казна, но тој изјави:

„Подготвен сум да играм, кога ќе ми биде дадена шанса за тоа“.

На Карло Анчелоти многу му се допаѓа Ди Мариа, иако не се потпира на него за секој натпревар во почетниот состав. Аргентинското крило има настапено на вкупно 23 натпревари оваа сезона, во трите натпреварувања, а на 17 од нив започнал како стартер, а постигна и шест гола.

Од Реал остро реагираа на изјавата на агентот на Ди Мариа, дека тој има намера да побара трансфер во Монако во зимскиот преоден рок, но во Мадрид продолжуваат да стојат зад фудбалерот, обвинувајќи го целосно неговиот менаџер за гласините.

Независно од тоа дека Анхел Ди Мариа е вреден за Реал, тој сепак можеби ќе го напушти клубот, но дури во лето, а најверојатно по Светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП