27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова транша помош за Португалија

Нова транша помош за Португалија

portugalijaportugal1

Тројката меѓународни кредитори позитивно го оценија напредокот на Португалија во спроведувањето на условите од пакетот помош од 78 милијарди евра.

Со тоа е отворен патот за одобрување на наредната транша помош за оваа земја од 2,7 милијарди евра.

„Резултатите од извештајот за напредокот на Португалија во спроведувањето на условите од пакетот помош се позитивни. Португалија успешно помина низ 10 од 12 инспекции, така што останаа само уште две проверки“, изјави португалскиот заменик-премиер Паоло Портас на конференцијата за новинари, пренесува агенцијата Франс прес.

Делегацијата инспектори од Меѓународниот фонд, Европската комисија и Европската централна банка на почетокот на декември ја посетија Португалија, поради проценката за напредокот на земјата во спроведувањето на реформите и мерките за штедење, договорени во замена за добивање на пакет помош.

Португалија досега прими 71,4 милијарди евра од пакетот помош од 78 милијарди евра, кој оваа земја го доби на крајот на мај 2011 година и кој би требало да истече на крајот на јуни наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП