27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолфганг Шоjбле останува министер за финансии на Германија

Волфганг Шоjбле останува министер за финансии на Германија

vs

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ќе ја задржи својата функција и во новата влада на големата коалиција на конзервативците и социјалдемократите, објави Христијанско демократската унија (ЦДУ) соопштувајќи ги имињата на владините министри од нејзините редови.

Канцеларката Ангела Меркел, која во вторник ќе го почне својот трет мандат на чело на водечката европска економија, исто така, соопшти дека досегашната министерка за труд Урсула фон дер Лајен ќе стане првата жена која ќе го предводи Министерството за одбрана на Германија.

Досегашниот министер за одбрана Томас де Мезиер го презема Министерството за внатрешни работи, кое веќе го има раководено во минатото.

Досегашниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих пек ќе го презема Министерството за земјоделство.

Поранешниот генерален секретар на ЦДУ Херман Грое станува министер за здравство, а Јоана Ванка останува министер за образование.

Досегашниот генерален секретар на баварската сестринска партија на ЦДУ – Христијанско социјалната унија (ЦСУ) Александар Добринт станува министер за транспорт и дигитална инфраструктура.

Претходно беше соопштено дека лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зигмар Габриел ќе раковори со минситерствата за економија и за енергетика, а ќе биде и вицеканцелар.

Поранешниот министер за надворешни работи и парламентарен шеф на СПД Франк-Валтер Штајнмајер ќе се врати на функцијате шеф на дипломатијат, што ја заземаше у во периодот од 2005 до 2009 година.

Останатите членови на СПД во владата ќе бидат Андреа Налес (за труд), Барбара Хендрикс (за животна средина), Мануела Швезиг (за семејство) и Хаико Маас (за правда и заштитата на потрошувачите).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП