26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ ќе реализира значаен проект за развој на младите фудбалери

ФФМ ќе реализира значаен проект за развој на младите фудбалери

ffm

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во насока на развој на младите категории и поттикнување што поголем број на деца да го засакаат фудбалот и во иднина професионално со него да се занимаваат, овој месец ќе реализира проект со кој ќе бидат опфатени преку 400 млади фудбалери.

– Следејќи ги примерите на најдобрите фудбалски сојузи од другите земји, на почеток на декември, оваа година, за прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ќе се реализира сеопфатен проект за здравствена регистрација и анализа на млади фудбалери.

Проектот ќе опфати комплетни здравствени прегледи на повеќе од 400 фудбалери, психолошки анализи,
оцена за можностите на секој млад поединец, неговите добри и слаби страни, инормираат од ФФМ.

Целта на овој особено значаен проект е следење на развојот на младите фудбалери, континуирана работа со нив со цел надминување на слабостите и подобрување на моторните и психофизичките способности.

Младите се иднината на македонскиот фудбал. Колку е поголем фондот на играчи толку и самите репрезентации нема да зависат од само неколку фудбалери, а секако големиот број на квалитетни млади фудбалери би требало да го подигнат и квалитетот на домашното првенство, да ја вратат публиката на фудбалските терени, да ја вратат вербата и позитивната енергија.

– Ние како ФФМ, сметаме дека овој проект е особено значаен, и токму поради тоа со сите наши сили, знаење и стручност ќе го поддржиме до крај.

Се планира личните евалуации да се повторуваат на секои 6 месеци, да се следи напредокот на секој поединечно и да се даваат совети за во иднина.

Тимот кој ќе ги прави евалуациите ќе биде составен од доктор, психолог и фудбалски тренери кои заеднички ќе евалуираат.

Веруваме дека имаме иднина, дека и со новиот селектор на А националниот тим, ќе создадеме одлична соработка, дека и тој со неговиот стручен тим напорно ќе работи со младите таленти, ќе придонесе тие да се
развиваат како фудбалски, така и со карактерни особини кои треба да ги има еден репрезентативен фудбалер, изјавуваат од „Куѓата на фудбалот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП