26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска и Нов Зеланд најмалку корумпирани држави

Данска и Нов Зеланд најмалку корумпирани држави

korupcija1

Данска и Нов Зеланд се најмалку корумпираните држави во светот, се наведува во годинешниот извештај на организацијата „Transparency International“.

На третото место на листата од 177 земји се наоѓа Финска, на четвртото Шведска, а Норвешка е на петтото место.

Индексот се пресметува врз основа на проценетото ниво на корупција во јавниот сектор.

Меѓу првите десет земји се наоѓаат и Швајцарија, Холандија, Австрија и Канада.

Германија се наоѓа на 12-тата позиција, што е за едно место подобро од минатата година, а Јапонија падна за една позиција, на 18-тото место. Сад и Кина ги задржаа минатогодишните места – 19-тото, односно 80-тото место.

БиХ се наоѓа на 72-то место со индекс 42, кој го имаше и минатата година, а истиот резултат го има и Србија, која сега има три поени повеќе од 2012 година.

Хрватска е на 57-то место со индекс 48, Црна Гора и Македонија го делат 67-то место со индекс 44.

Најлоши резултати имаат Сомалија, Северна Кореја и Авганистан, кои добија само по осум поени од можни 100. За споредба, првопласираната Данска и Нов Зеланд имаат индекс 91.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП