27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекување со мириси или ароматерапија

Лекување со мириси или ароматерапија

aromaterapija1

Ароматерапијата е древна вештина на примена на етерични масла на различни начини за релаксација, превенција и лекување.

Ароматерапијата доаѓа од грчките зборови: aroma – мирис и therapeia – лекување. Буквално значи лекување со мириси. Ароматерапијата е форма на алтернативната медицина која користи испарливи растителни материјали, уште познати како етерични масла но и други ароматични (мирисни) соединенија, со цел да го промени мислењето, расположението, спознавачките способности и здравјето на една личност.

Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата.

Иако обично се ослонуваме на она што ќе го видиме и чуеме, мирисите имаат важна улога во нашиот живот. Мирисните екстракти од растенијата (етеричните масла) низ векови, па и денес, се користат за лековити цели. Така, додека лавандата релаксира и смирува, еукалиптусот го бистри умот и дава енергија.

Мирисот на етеричното масло кое ќе го употребиме може многу силно да дејствува на нашите емоции и моментално да ги повика дамнешните сеќавања.

Само чистите етерични масла имаат терапевтско делување. Како традиционални билни лекови, етеричните масла се многу драгоцени средства за самопомош, бидејќи се делотворни во превенцијата и третманот на многу вообичаени тегоби.

Етеричните масла се ароматични, течни екстракти добиени од цветови, плодови, листови, стебленца, корени, семиња, кори, и мов. Етеричните масла содржат комплексни состојки кои ги произведува растението во концентриран облик.

Етеричните масла му помагаат на телото на човекот во процесот на самоизлекувањето, затоа што го зајакнуваат имунолошкиот систем. Нивните мириси делуваат и на духот (преку хипоталамусот), при што доаѓа до потсвесно одржување на чувството за хармонија и добро расположение.

Етеричните масла влегуваат во организмот на два начина: преку белите дробови со вдишување и преку кожата со масажа. Тие се идеални како масла за капење, за нега, како парфеми или освежувачи на просторот.

Ароматерапискиот третман делува на: негативните програми во менталната сфера кои создаваат чувство на страв, кој се манифестира на физичко ниво. Со етеричните масла се делува на емоциите предизвикани од страв, на пр. Анксиозност, депресија, емоционална нестабилност, умор, несоница, слаб имунитет, главоболка и мигрена, крвен притисок и губење на концентрација.

Подеднакво ароматерапијата се применува при промени и болести на поедини органи: коскениот систем-промени на коските, мускулниот систем-разни воспаленија на мускулите и сврзното ткиво, на дишните органи, дигестивните органи, на крвниот,нервниот и ендокриниот систем и кожата.

Ароматерапијата е особено ефективна кај стресот, напнатоста и психосоматските проблеми, мускулните и ревматските болки, пореметувања во варењето на храната, проблемите кај жената, како што се ПМС, тегобите на менопаузата и депресијата по породувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП