27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Изградбата на Јужен тек ја спаси Србијагас од поделба на повеќе посебни фирми, дознава Блиц. Русите се за правно, но не и за сопственичко отцепување, вели Бајатовиќ. Според сознанијата на овој весник, руската страна која на состанокот со српскиот државен врв кој го предводеше директорот на Гаспром Алексеј Милер, беше исклучително против тој предлог на министерката за енергетика Зорана Михајловиќ. Кога премиерот Ивица Дачиќ ги прашал Русите што мислат за реформите на Србијагас, тие биле согласни дека во овој момент не е добра идеја, бидејќи Србијагас е важен партнер во проектот за изградба на гасоводот.

Смедерево – Гасењето на Железара Смедерево чинеше многу повеќе од задржувањето на производството, пишува Данас. Во овој момент никој во Владата не е подготвен да прогнозира што ќе биде со Железара во Смедерево, ниту да препорача решение, бидејќи извесно е дека државната сопственост не може да биде трајна определба, но искуството учи дека ни приватизација по секоја цена не е добра, пишува Данас.

Анкара – Косово е заинтересирано да учестува во гасоводот низ Јадранското Море, изјави заменик косовскиот министер за надворешни работи Петрит Селими. Турскиот весник Хуриет пренесе дека Селими во текот на посетата на Анкара, минатата недела рече дека Косово сака да учествува во проектот за изградба на гасоводот од гасното поле Шах Дениз во Азербејџан преку Турција, Грција и Албанија до Италија. – Моментално се работи за проект од Турција до Албанија. Но, ние сакаме да учествуваме во разговорите кои можеме да ги прошириме преку Косово на други земји – рече Селими, додавајќи дека идејата е со тој проект преку Косово и Србија да се поврзат и другите балкански држави.

Букурешт – Романската влада нема да дозволи на канадската компанија Гејбријел Рисорсиз во таа земја да отвори рудник за злато, кој треба да биде најголем во Европа. Предлог законот со кој тој проект треба да биде одобрен, го отфрли и романската парламентарна комисија. Канадската компанија Гејбријел Рисорсиз веќе 14 години се обидува да добие дозвола за планирана изградба на рудник на северозападниот дел на Романија, што покрена бран протести на активистите за заштита на животната средина и дебата за тоа дали странските инвестиции и отворањето на нови работни места е повредно од зачувувањето на природата.

Торонто – Новиот привремен извршен директор на Блекбери Џон Чен ќе има годишна плата од милион долари и уште два милиона долари во бонуси во зависност од резултатите. Меѓутоа, тоа не е се. Чен, кој дојде со тешка задача да се обиде да го запре пропаѓањето на некогаш водечката светска компанија во корпоративниот сектор на мобилни услуги, ќе добие и 13 милиони акции од компанијата чија сегашна вкупна вредност е 85 милиони долари, пренесоа странски медиуми. Ако Чен не успее во таа работа, парите кои ќе ги заработи ќе бидат далеку помали. Ако биде отпуштен, ќе ги прими сите плати кои му следуваат во таа година и дополнителни шест милиони долари плус бонус за идните 18 месеци.

Брисел – Европјаните, наспроти економските проблеми во регионот, не сакаа да се откажат од подароците за себе, покажа истражувањето на компанијата Мастеркард. Резултатите од истражувањето покажуваат дека едно од пет лица вели дека и понатаму троши пари на себе иако знае дека треба да го ограничи трошењето. Над половина Европјани, т.е. 59 отсто, сметаат дека купувањето ситници за себе е нивно основно право, објави Мастеркард.

Брисел – Присуството на четири големи банки во земја како што е Белгија не е одржливо на подолг период, оценето е во студијата на консултантската куќа КПМГ и Влериг Бизнис Скула. Според анкетата на директорите на 15 белгиски банки, за две години се очекува значаен бран на консолидација на белгискиот банкарски сектор, пренесе Ројтерс. Во извештајот се додава дека средните банки можат да се најдат во проблем во следните години, а дека тие периферните ќе ја задржат досегашната позиција.

Минхен – Германската автомобилска компанија БМВ во октомври продаде рекордни 165.851 автомобил марка БМВ, мини и ролс-ројс, што е 5,2 отсто повеќе од лани. Концернот за 10 месеци оваа година продаде 1,6 милиони возила, 7,3 отсто повеќе од периодот од јануари до октомври минатата година, пренсе РТТ њуз. – Наспроти неповолната состојба на некои европски пазари во октомври и за 10 овогодишни месеци остваривме нови продажни рекорди и останавме на бранот на успехот – рече директорот на продажба на БМВ Иан Робертсон. Продажбата на возилата БМВ на годишно ниво порасна 5,4 отсто на 140.057 автомобили. Важен фактор на раст на продажбата е големата побарувачка за возила од серијата БМВ 3. Продажбата на возилата марка мини во октомври е зголемена за 3,8 отсто на 25.420.

Брисел – Каматните стапки во еврозоната, кои ЕЦБ минатата недела ги намали на историски минимум, можат уште да паѓаат, изјави членот на извршниот одбор на банката, Јерг Асмусен. – Во зависност од движењето на инфлацијата, се уште не сме ги исцрпеле сите можности на полето на каматните стапки – рече Асмусен во интервју за германскиот весник Ноје Оснабрике цајтунг, пренсе агенцијата Франс прес. ЕЦБ минатата недела изненади со намалувањето на каматните стапки за четврт процент на рекордно ниски 0,25 отсто. Уште една клучна камата, стапката на депозитите оставена е на нулта ниво, за да се избегне за прв пат да биде негативна, што би значело дека банките мораат да платат на централната банка што држи средства кај неа.

Анкара – Американската хемиска и биотехнолошка компанија Монсанто, инвестира милион долари во проширување на погони за преработка на семиња во Турција. Како дел од целокупното зголемување на капацитетите во европските фабрики, оваа инвестиција ќе го зголеми производството во турската филијала на 1,25 милиони пакувања на семиња, од сегашните 250.000. Дури 40 проценти од производството наменето е за извоз. – Зголемувањето на капацитетит во Турција одговара на семенското производство за 3.000 хектари земја. Инвестицијата ќе ја зголеми и вработеноста во сезонските земјоделски дејности, изјави Ели Асаф, претставник на Монсанто. Монсанто во Турција е присутен од 1997 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП