26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама организира голем самит да привлече инвестиции во САД

Обама организира голем самит да привлече инвестиции во САД

obama

Денеска и утре во Вашингтон се одржува голем инвестициски самит, свикан од претседателот Барак Обама, на кој американската администрација се обидува да убеди странски компании повеќе да инвестираат во САД.

Самитот има со само 1.200 отворени места за учесниците, кои требаше да платат по 400 долари за можност за средба со претседателот и високи функционери на САД, а најголем интерес има од Кина, Јапонија, Германија и Тајван.

– Мотивацијата на самитот е да ги искористиме нашите силни точки, како што се ефтината енергија, одличната работна сила, владеењето на правото, инвестициите во развој и наука и слично.

Но, воедно важно ни е странските компании да отворат добри работни места во Америка, изјави Пени Прицкер, секретарката за трговија на САД, во најава на самитот.

САД веќе се без конкуренција најголем примател на директни странски инвестиции во светот, со нешто под три трилиони долари годишно.

Но се смета дека добар дел од овие пари се приходи на американски компании, кои имаат свои претставништва во странство, во држави со пониски даноци, или користат држави како Швајцарија и Кипар за пренасочување на своите приходи.

Воедно, странските инвестиции во САД бележат драстичен пад минатата година, од скоро една третина.

Една од причините за ова е неколкугодишната буџетска и должничка криза во САД, која на почетокот на октомври доведе и до блокада на централната Влада.

Прицкер се надева дека на инвестицискиот самит ќе успее да покаже дека САД излегле од политичката
криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП