3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо регионот тренд на пораст на нефункционалните кредити

Во регионот тренд на пораст на нефункционалните кредити

gjoko

Порастот на нефункционалните кредити во регионот е тема на која ќе расправаат претставници на народните банки од регионот на вториот Форум што ќе се организира во рамки на Банкекспо на 30 и 31-ви овој месец во Скопје.

Нефункционалните кредити во Македонија заклучно со септември изнесуваат 11,5 проценти, при што кај населението е 6,9 проценти, а кај компаниите 14,9 проценти.

Просечниот пораст во однос на лани е еден процент. Кај населението на 31 декември нефункционални биле 7,1
процент, а кај фирмите 12,5 проценти.

– Секаде во регионот има тренд на раст на нефункционалните кредити, односно тие растат повеќе отколку предвиденото. Банките првиот бран од кризата не го почувствуваа, но рецесијата сега има влијание.

Има причини и сакаме да слушнеме мислења за тоа, рече Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, која втора година го организира Банкеспо.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека Македонија е меѓу земјите кои имаат понизок процент на нефункционални кредити.

Посочи дека банките се доста ликвидни и оти нема проблеми околку кредитирање добри проекти што би ги понудиле компаниите.

– Придвижување има во овој дел, истакна Јанчевски, додавајќи дека очекува до крајот на годината да има пораст на кредитите кај компаниите.

Посочи дека пораст има и кај депозитите за 4 проценти или за 147 милиони евра, при што кај компаниите депозитите се намалени за 1 отсто.

До крајот на годината, според него, може да се очекува пад на каматите на депозитите, кои зависно од рочноста е шест проценти на денарските и нешто над 3 проценти кај девизните.

– Банките сакаат долгорочни депозити бидејќи може од нив да врши кредитирање. Краткорочните може да се пласираат повеќе во благајнички и државни записи, рече Јанчевски.

На Банкескпо, како што соопштија на прес-конференцијата, потврдено е присуство на претставници од шест земји од регионот, односно од Словенија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Турција. Покани се упатени до претставници до сите земји од регионот.

Банкескпо и форумот се одржуваат по повод Денот на штедењето – 31 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП