8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Унгарија најниска во последните четири години

Невработеноста во Унгарија најниска во последните четири години

nevrabotenost

Невработеноста во Унгарија во три месеци, заклучно со август, падна на најниското ниво во последните четири години на 9,9 проценти, од 10,1 проценти кои беа забележани во претходните три месеци, соопшти Заводот за статистика во Будимпешта.

Невработеноста, која во првиот квартал од оваа година изнесуваше 11,8 проценти, последен пат била пониска од 9 проценти во 2009 година, наведува Заводот, пренесува агенцијата Франс прес.

Унгарија не објавува месечни податоци за невработеноста со образложение дека тримесечните се посигурни.

Владата во Будимпешта за 2013 година предвидува економски раст од 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП