8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија го зголемува данокот на промет

Јапонија го зголемува данокот на промет

shinzo11

Премиерот на Jапонија Шинзо Абе одлучи да ја споведе на дело својата оспорувана идеја да го зголеми данокот на промет од моменталните пет на осум проценти.

Се очекува дека Владата денес ќе ја потврди одлуката на Абе.

Владата, исто така би требало да ги усвои и даночните олеснувања и другите стимулативни мерки, осмислени да го ублажат очекуваниот пад на потрошувачката на граѓаните кој се должи на зголемувањето на данокот на промет.

Јапонскиот јавен долг е најголем меѓу земјите во развој во смисла на неговиот удел во бруто домашниот производ.

Експертите сметаат дека зголемувањето на данокот на промет е клучна мерка за ставање на јавните финансии под контрола.

Неодамнешното истражување покажа раст на деловната доверба меѓу јапонските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП