26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите трошат 646 евра за уживање

Французите трошат 646 евра за уживање

francijapeople1

Според истражувањата, во Франција годишниот буџет за забава и уживање пораснал за три проценти во однос на минатата година, достигнувајќи просечна вредност од 646 евра.

По падот на куповната моќ за 0,9 проценти во 2012 година, многу Французи одлучиле повеќе пари да издвојат за забава, се наведува во истражувањето кое „Opinion way“ го водел на репрезентативен примерок од 1.050 полнолетни личности.

Сите категории го потврдиле порастот на трошоците за одмор. Така, во домаќинствата со месечен приход поголем од 3.500 евра, годишниот буџет за забава изнесува 1.038 евра во просек (+ 10 проценти), а домаќинствата со примања помали од 1.000 евра, за забава во просек издвојуваат годишно 370 евра, односно 16 проценти повеќе.

Меѓу најчестите видови на уживање и задоволство се наведува интернетот (72 проценти), а следи телевизијата (59 проценти).

Од останатите облици на уживање, Французите ги истакнуваат културните активности, 46 проценти од нив, како што се посети на музеи, кина, театри, библиотеки, пред планинарењето и градинарството, за што се определиле 37 проценти од анкетираните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП