26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНизок економски раст во Индија

Низок економски раст во Индија

india2

Индиската економија во периодот април-јуни оваа година остварила понизок раст од очекуваниот и најслаб на квартално ниво од почетокот на финансиската криза.

Причина за тоа е намалувањето на активностите во рударството и во преработувачката индустрија, покажуваат официјалните податоци.

Како што пренесува Ројтерс, бруто домашниот производ во периодот април-јуни пораснал за 4,4 проценти, што е најнизок квартален раст почнувајќи од првото тромесечје од 2009 година, и под предвидувањата на аналитичарите кој во просек очекувале раст од 4,7 проценти.

Економските експерти за тековната фискална година, (април 2013-април 2014 година), очекуваат ново забавување на растот на индиската економија.

Преработувачката индустрија во периодот април јуни 2013 година забележала пад од 1,2 проценти на годишно ниво, додека рударското производство е намалено за 2,8 проценти. Позитивен тренд е остварен во земјоделството, каде дошло до раст од 2,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП