26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер со 70 милиони на шопинг во Мадрид

Венгер со 70 милиони на шопинг во Мадрид

dimaria-racing-ozil

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер , кој ова лето се уште не може да направи голем трансфер ќе направи очајнички обид да ги потроши доделените 70 милиони фунти за составување на екипата.

Според „Дејли Меил“ Французинот ќе ја стави целата сума на масата за тројца играчи на Реал Мадрид – Карим Бензема, Анхел ди Марија и Месут Озил . Весникот тврди дека двете страни веќе започнале преговори за реализирање на трансферите.

И тројцата играчи досега истакнуваа дека сакаат да останат на „Сантијаго Бенабеу“ , но сепак „кралевите“ се подготвени да се разделат со барем некој од нив во потрага по финансиски баланс кој ќе биде сериозна нишка, откако ќе бидат потрошени околу 86 милиони фунти за трансферот на Герет Бејл од Тотенхем .

До овој момент Арсенал доведе двајца фудбалери како слободни играчи, Јаја Саного и искусниот Матие Фламини . Се шпекулира дека Венгер упатил понуда и за поранешниот напаѓач на Челзи, Саломон Калу.

Менаџерот пак не беше успешен во обидите да ги земе Луис Суарез и Јоан Кабалата. Арсен Венгер е пристиснат од времето, но сигурно ќе направи се што е можно да привлече еден централен напаѓач, откако вчера стана јасно дека Лукас Подолски ќе биде надвор од терените во следните 10 недели .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП