26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLutecia, јапонското Clio

Lutecia, јапонското Clio

lutecia

„Renault“ бележи релативно добри резултати на територијата на Јапонија, а во последните неколку месеци трендот на претставување на нови модели е забрзан и тоа благодарејќи на спортските верзии на моделот „Megan“ и специјалната серија на моделот „Clio“ кој е наречен „Lutecia“.

lutecia2

Новиот модел ќе биде достапен во три верзии – „Activ“, „Zen“ и „Intensity“, a ограничениот број на моделот ќе биде достапен само во првите два месеци во рамките на „Cool French Edition“. Засега не е познато дали новите модели ќе ги одликува 1.2L TCe мотор кој постигнува 120ks во комбинација со „dual-clutch EDC“ секвенцијална трансмисија.

lutecia1

Благодарејќи на оваа комбинација забрзувањето од 0 дo 100km/h „Lutecia“ го постигнува за 9.9 секунди, додека максималната брзина која може да ја развие е 199km/h.

До крајот на оваа година ќе биде преставен и „Lutecia Renault RS“, автомобили кој ќе има моќ од 200ks, како и верзија со 0.9 литарски TCe мотор кој постигнува 90ks во комбинација со мануелна трансмисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП