27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронска продажба на ствари што ги користат државните органи

Електронска продажба на ствари што ги користат државните органи

georgiev_g_1

Од 1 јануари 2014 година се воведува електронска продажба на стварите што ги користат државните органи преку софтверско решение кое ќе биде воспоставено во Министерството за финансии односно во Управата за имотно правни работи.

Измените се во рамки на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со ставарите на државните органи, што го утврди Владата.

Сите физички и правни лица, во соодветна постапка, соопшти денеска на прес – конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, ќе можат преку регистрирање на електронскиот систем да наддаваат за купување  одредена ствар, која што врз основа на претходно донесена владина одлука, ја отуѓува некој државен орган кој веќе нема потреба од нејзино користење.

– Новото законско решение ќе придонесе за поголема транспарентност во постапката за продажба на стварите кои што ги користат државните органи, во прв ред министерствата, но и сите други буџетски корисници или единки корисници на средства од буџетот, дефинирани како државни органи согласно Законот за користење и располагање со ставарите на државните органи, истакна Ѓорѓиев. Оцени дека истовремено се создава нова алатка  во борба против корупцијата и се обезбедува поголема контрола од страна на Владата на сите продажби на движни или недвижни ствари, но се придонесува и за намалување на трошоците на самите компании кои учествуваат  во ваквите процедури.

Државниот орган кој ја продава стварта, истакна тој, ќе треба  задолжително да објави во најмалку три весници, од кои два на македонски јазик, а еден на јазикот кој го користат заедниците кои не се мнозинство. Таа објава покрај во весниците ќе треба да биде поставена и на интернет страницата на Управата за имотно правни работи. Во објавата треба задолжително да бидат наведени описот на стварта, нејзината површина, почетната цена на наддавањето и останати битни критериуми и карактеристики. Заинтерсираните пак, ќе можат во рок од 20 дена да поднесуваат апликации. Заинтерсираните за јавно наддавање, најдоцна во рок од три дена, комисијата која ќе ја спроведува постапката ќе им испрати шифра и време кога ќе биде извршено наддавањето. Секој субјект што ќе сака да учествува во јавното наддавање ќе мора да уплати депозит од пет проценти, кои во случај да не победи во наддавањето ќе му бидат вратени. Пo тоа, се закажував јавното наддавање при што чекорите на наддавање максимално треба да изнесуваат по еден процент од цената предвидена како почетна.

Кога еден субјект ќе победи во јавното наддавање, појасни владиниот портпарол, во рок од пет дена се склучува договор со органот кој продава и во рок од 15 дена купецот има обврска да ги уплати средствата на име на буџетскиот корисник што го продал. Доколку тоа не го направи во предвидениот рок, тогаш јавната продажба се поништува, а на субјектот кој не ги уплатил средствата ќе му биде ставена негативна референца согласно позитивното македонско законодавство и нема да има право да учествува во наддавања кои ќе се случвуаат во догледен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП