26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФишер: Црна Гора во ЕУ дури по 2020 година

Фишер: Црна Гора во ЕУ дури по 2020 година

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Црна Гора пред 2020 година нема да стане членка на Европската унија. Според сегашните проценки, пристапните преговори со Црна Гора ќе траат најмалку осум години, слично како што беше случајот со Хрватска, која на 1-ви јули стана 28-та членка на ЕУ.

Амбасадорот на Германија во Црна Гора Пие Фишер изјави дека тие ја поддржуваат европската интеграција на Црна Гора, но не без услови.

„Колку ќе трае процесот на пристапување ќе зависи од Црна Гора. На Хрватска за тоа и беа потребни осум години. Ако ова е параметар за Црна Гора, тоа би можело да трае до 2020 година или малку подолго“, вели германскиот дипломат.

Фишер истакна дека за Црна Гора е важен квалитетот и одржливоста на реформите кои се спроведуваат, што е многу поважно од брзината на преговарачкиот процес.

„Тоа се лекции кои се научени од ЕУ со другите земји кандидати“, оцени Фишер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП