26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го откри концептот Active Tourer Outdoor

BMW го откри концептот Active Tourer Outdoor

aktiv

„BMW Concept Active Tourer Outdoor“ е најновиот увид на иднината на моделите на „BMW“ со погон на предните тркала. Овој концепт ќе еволуира во „BMW 1 Series GT“ и ќе биде еден од повеќе од 20-те модели со преден погон кој ќе се продава во рамките на брендовите „BMW“ и „Mini“.

Најновиот концепт на „BMW“ носи комбинација на спортски екстериер и стил со компктни димензии и функционалност.

aktiv1

Производителот тврди дека големиот простор и кабината, како и променливиот заден дел се дизајнирани за секојдневна употреба, како и простор за спортска опрема за активности на отворено.

„Concept Active Tourer“ поседува голем заден дел со широки врати. Багажниот простор го карактеризира носачот на велосипеди кој може да се извлече и отстрани кога не е во употреба.

aktiv2

Карактеристика на ентериерот е централната конзола која „плови“ меѓу предните седишта и подобрувањето на просторот за нозете на предните седишта.

Возилото го карактеризира „ECO PRO“ кој ја намалува употребата на енергија која ја троши клима уредот и другите електронски уреди кои обезбедуваат помошни функции.

aktiv3

„Proactive Driving Assistant“ работи со навигациониот систем се со цел на прикажување на најефикасната рута кога станува збор за потрошувачката на гориво и најнискиот интезитет на сообраќај.

Под хаубата ќе се најде 1.5 литарски бензински „TwinPower turbo“ мотор. Германскиот производител најави дека овој мотор ќе биде достапен во неколку верзии од 90 kW/122 ks, па се до 165 kW/224 ks.

Покрај бензинските на располагање ќе бидат и дизел единици со снага од 60 kW/82 ks дo 135 kW/184 ks.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП