26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald`s се откажа од халал стандардот

McDonald`s се откажа од халал стандардот

mcdonalds1

Корпорацијата „McDonald`s“ се откажа од халал храната во своите ресторани во Америка, пренесува агенцијата Франс прес.

Компанијата ќе ги отстрани од своето мени сендвичите со пилешко и пилешкото филе, кои беа нудени како подготвени во согласност со халал стандардите. Својата одлука за ваквиот потег, компанијата ја објаснува со желбата таа да се фокусира на основното национално мени.

„McDonald`s“ имаше многу непријатни ситуации со халал стандардите, кога членовите на муслиманската заедница повеќе пати го обвинуваа дека продава обична храна која ја означува како халал.

Халал храната беше нудена во два ресторана во Дирборн, Мичиген. Покрај Арапскиот народен музеј, во овој град се наоѓа и Американскиот исламски центар – најголемата џамија во Северна Америка.

Под халал храната се подразбира храна која мора да ги исполни барањата за потеклото и начинот на подготовка. Конкретно, месото мора да биде исчистено од крвта, а животните да бидат заклани на хуман начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП