27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle под истрага

Google под истрага

Earns Google

Комисијата за јавни финансии на британскиот парламент повика да се покрене истрага против компанијата „Google“ поради обид за избегнување на плаќање на даноци на профитот остварен во Британија.

Комисијата за јавни финансии од британскиот парламент ги обелодени своите заклучоци во извештајот во кој го обвинува „Google“, поради наводите дека неговата продажна активност се одвивала во Ирска – која има најнизок корпоративен данок во еврозоната, а не во Британија.

Оваа Комисија соопшти дека од поранешните работници во „Google“ добила информации дека вработените во Британија биле директно вклучени во продажбата.

Како одговор на оваа ситуација, „Google“ порача дека работел во склад со даночните закони, но го поздрави секој потег кој има за цел системот да го направи поедноставен и потранспарентен.

Извештајот на Комисијата е објавен во пресрет на Самитот на Групата на водечките индустриски земји во светот – Г8, чии претставници наредната недела ќе се состанат во Северна Ирска, каде Британија, како домаќин, ќе се обиде да најде начин за борба против избегнувањето на даноците.

„За да го избегне плаќањето на корпоративен данок во Британија, „Google“ се потпира на длабоко неубедливите аргументи дека неговата продажба на британските клиенти се одвивала во Ирска, и покрај очигледните докази дека најголем дел од продажните активности се случувале во Британија“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП