26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony му зададе удар на Xbox One

Sony му зададе удар на Xbox One

Andrew House

Војната на конзолите продолжува, а победник на првата битка во новите генераци дефинитивно е „Sony“. На најголемиот светски саем за електронска забава „E3“ „Sony“ го претстави дизајнот, повеќето технички детали, како и цената на својот нов производ „Playstation 4“ кој ќе чини 399 евра (399 долари, 349 фунти).

Првиот ден на „Electronic Entertainment Expo“ во Лос Анџелес одбележа две премиери, прво претставниците на „PopCap“ ја најавија играта „Peggle 2“, но најголемо внимание привлече презентацијата која ја одржа „Sony“.

Основната цена е за 100 евра помалку од „Xbox One“ . Сепак мора да се каже дека „Microsoft“ во таа цена го испорачува и „Kinect“ во пакетот, додека „Eye“ за „PS4“ се купува оделно.

А дополнителен удар за „Microsoft“ е и односот на „Sony“ кон половните игри, за разлика од новиот „Xbox“, „PS4“ нема рестрикции по прашањето за размена и препродавање на старите игри.

Games E3 Sony

Откако од бината беше порачано дека односот играч-игра нема да се менува во однос на претходната генерација со што јасно му префрлија на „Microsoft“ за нивната одлука една игра да остане на еден играч.

Тоа значи дека нема ни збор за неопходното „закачување“ на интернет, конектирање на секои 24 часа или слични потези кои ги повлече гигантот од Редмонд.

Сепак за „online“ играњето ќе биде неопходно членство на „Playstation Plus“ кое на годишно ниво изнесува 49.99 долари. „Sony“ овој детал го остави за самиот крај на презентацијата и така се обиде малку да го сокрие фактот дека исто како и „Microsoft“ (Xbox Gold сервис 60 долари годишно) одлучиле да го наплатуваат играњето со пријателите.

Games E3 Sony

На презентацијата беше потврдено дека за првата година „Sony“ има подготвено 20 ексклузивни наслови меѓу кои се и „The Order“ од студиото кое работеше на легендарниот серијал „God of War“, потоа „Final Fantasy XV“, „Kingdom Hearts 3“, новото чедо на студиото „Bungie“ (Halo) Destiny, игра правена по филмот „Mad Max“: „The Road Warrior“.

Да потсетиме дека „Microsoft“ пред извесно време ја објави цената за својата конзола и го најави нејзиното излегување за ноември.

Во случај и „PS4“ тогаш да пристигне во продавниците, тоа ќе биде прв пат двата големи ривали да излезат со новата генерација на конзоли во исто време.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП