28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ја купува Waze за 1.3 милијарди долари

Google ја купува Waze за 1.3 милијарди долари

wazegogle

Американската компанија „Google“ за 1.3 милијарди долари ќе ја купи израелската компанија „Waze“ која е специјализирана за бесплатна навигација на мобилните уреди.

Како што пренесува њујоршката агенција „Bloomberg“ повикувајќи се на неименуван извор близок на преговорите, работата би можела да биде официјализирана уште денеска.

Со оглед дека корисниците се оддалечуваат од персоналните компјутер и се префрлуваат на паметните телефони и таблет уредите, компаниите како „Facebook“ и „Google“ настојуваат дополнително да се развиваат на мобилните платформи.

Апликацијата „Waze“ во моментов ја користат повеќе од 40 милиони корисници ширум светот, а таа им овозможува напредна навигација низ густиот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП