26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛетонија е новата членка на еврозоната

Летонија е новата членка на еврозоната

letonija1

Европската комисија даде „зелено светло“ за Летонија да започне да го користи еврото од 1 јануари 2014 година, со оценка дека таа земја ги направила потребните напори да излезе од кризата во која влезе во 2008-2009 година.

Европската комисија објави извештај во кој се наведува дека Летонија постигнала високо ниво на усогласеност со еврозоната.

Извештајот ќе биде предаден на Европскиот парламент и министрите за финансии од еврозоната, кои формално ќе донесат одлука за влезот на Летонија во еврозоната, на состанокот кој ќе се одржи на почеток на јули.

Ако одлуката на Европската комисија биде потврдена, Летонија во 2014 година ќе стане 18-та членка на еврозоната, се наведува во извештајот на Европската комисија.

-Искуството на Летонија покажува дека една земја може да ги надмине макроекономските дебаланси, дури и сериозните, и да излезе посилна, оцени европскиот комесар за економски прашања Оли Рен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП