26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на невработени во Шпанија во пресрет на туристичката сезона

Намален бројот на невработени во Шпанија во пресрет на туристичката сезона

shpanija3

Шпанското министерство за труд објави денес дека бројот на регистрирани невработени лица се намалил во мај за нешто помалку од 100.000 лица, откако работодавците започнаа да го зголемуваат вработувањето на нови лица во подготовките за летната туристичка сезона.

Министерството во својот извештај соопшти дека во мај, вкупниот број на регистрирани невработени граѓани изнесувал 4,89 милиони.

Стапката на невработеност ја пресметува Заводот за статистика, на квартална основа. Во првиот квартал невработеноста во Шпанија изнесуваше рекордни 27,2 проценти.

Шпанија е во рецесија веќе четири години, а нејзината економија се бори да го надмине колапсот во секторот на недвижнините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП