27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските компании очајно бараат работници

Американските компании очајно бараат работници

Побарувачката на американските работодавци за работници нагло скокна во месец јануари, така што на крајот на месецот вкупниот број на огласени работни места изнесувал 6,3 милиони.

Најмногу за последните 17 години откако се води оваа евиденција.

Министерството за труд соопшти дека бројот на огласи за нови работни места пораснал за 645,000 во јануари, што е најголемиот месечен раст во две години, пренесува АП.

Зголемен е и бројот на луѓе кои добиле работа, додека бројот на отпуштени Американци е намален во месец јануари во однос на претходниот месец. Високата побарувачка за работници доаѓа во услови на најниска стапка на невработеност во 17 години, која се спушти на 4,1 проценти.

Извештајот покажува дека вкупно вработувањето е зголемено во многу помал обем отколку што се огласени нови работни места, што укажува на тоа дека работодавците имаат потешкотии во пронаоѓањето на кадри кои им се потребни.

Тоа би можело да го зголеми притисокот врз компаниите кои очајно бараат работници да ги зголемат платите за да привлечат повеќе кандидати за работа, оценува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП