26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајн: Toyota Aygo зa 2019-та (фото)

Редизајн: Toyota Aygo зa 2019-та (фото)

По четири години од претставувањето, „Toyota“ го освежи својот најмал модел на европскиот пазар.

Втората генерација на „Toyota Aygo“ дебитираше во 2014-та со несекојдневниот дизајн на предниот дел во форма на буквата „X“.

Јапонскиот производител го задржа овој стилски детал и на обновената верзија, со мали козметички промени, а покрај тоа новитет се и дневните „LED“ светла во форма на бумеранг, кои се вклопени во главните фарови.

На задниот дел од автомобилот може да забележиме нови стоп светла, исто така во „LED“ технологија. Стилските промени на надворешноста се заокружуваат со новите 15 инчни бандажи, како и двете нови нијанси на боја – магента и сина.

„Toyota“ засега не објави фотографии од кабината, но соопшти дека на купувачите ќе им бидат достапни нови дезени на навлаките и нови комбинации на бои на ентериерот.

Промените не се забележливи со „голо око“, но секако се значајни, опфаќаат намалување на нивото на бучава и вибрации во патничката кабина, благодарејќи материјалите за изолација, па возењето на подолги релации ќе бидат поудобни за патниците, отколку претходно.

„Aygo“ зa 2019-та добива поног од подобрениот трицилиндарски 1.0-литарски бензинец, кој сега го задоволува „Euro 6.2“ стандардот.

Моторот развива 72 ks (53 kW) при 6.000 вртежи, додека максималниот вртежен момент од 93 Nm е достапен од 4.400 o/min, a возилото од место до „стотка“ стигнува за 13,8 секунди и развива максимални 160 km/h.

Редизајнираната „Toyota Aygo“ ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Женева на почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП