26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје вчера од „Пајакот“ биле кренати 91 возило

Во Скопје вчера од „Пајакот“ биле кренати 91 возило

Во текот на изминатиот ден пајак-службата кренала 91 непрописно паркирано возило во Скопје.

Според информациите од МВР, 15 возачи се казнети затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 18 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 12 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца возeле под дејство на алкохол и четворица биле возачи – почетници.

Шест возачи вчера се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле, еден возач не дал првенство на минување на пешаци и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП