27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкината забраната за камиони на Стража

Укината забраната за камиони на Стража

Забраната за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража е укината во 05:25, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На планинските премини во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонијапат. Врнежи од слаб снег има на Маврово, Буково, Стража и Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП