27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена видливоста кај Попова Шапка и Плетвар поради магла

Намалена видливоста кај Попова Шапка и Плетвар поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на Страцин, Маврово, Крушево и на планинските превои Ѓавато и Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец с.Гајре – Попова Шапка и од 80 – 100 метри на планинскиот премин Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП