26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов проект на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во...

Нов проект на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во земјоделието

Во албанскиот пограничен град Пешкопеја денеска беше промовиран уште еден проект на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија во сферата на земјоделието и сточарството. На промовирањето на проектот присуствуваа претставници на локалните власти и земјоделци и сточари од двете страни на границата од општина Дебар и околијата на Пешкопеја.

Проектот ,,Земјоделски стандарди и сертификати, создавање капацитети и финансирање на Стратегијата и маркетингот за поддршка на економскиот развој и трговијата“, беше презентиран од страна на Магдалена Шарламанов, програмски менаџер при делегацијата на ЕУ во Скопје.

Локалните кординатори на проектот во Дебар и Пешкопеја, Газменд Цами и Илир Пилку, нагласија дека од проектот очекуваат многу ефекти во интерес на земјоделците и сточарите бидејќи на двете страни од границата во регионот на Дебар има одлични услови за биопроизводи, како во земјоделието така и во сточарството.

На стартот на овој проект, кој ќе трае две години, а е финансиран од Програмите на ЕУ за меѓугранична соработка, ќе бидат издвоени 32о илјади евра, при што ќе бидат организирани бројни форми на обуки, ќе се издаваат сертификати, а ќе се обезбеди и стручна помош за фармерите за подготовка на проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП