27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСолистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

Солистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

Македонската филхармонија, за 22 февруари во 20 часот, го најавува концертот „Вокална магија“, на кој како солист ќе настапи извонредниот бас-баритон од Швајцарија, уметник кој има македонско потекло, Милан Силјанов.

Силјанов, кој е ностител на повеќе значајни награди, ќе изведе дел од циклусот песни за глас и оркестар – „Магичната хорна на момчето“, од музичкиот гигант Густав Малер.

Под диригентската палка на миленикот на македонската музичка публика, маестро Емил Табаков од Бугарија, оваа вечер ќе биде изведена и експресивната Шеста симфонија од рускиот композитор Дмитриј Шостакович.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарата во Македонската филхармонија, да се резервираат на тел: 02 / 3238 182, или да се купат преку веб-страните www.mktickets.mk и http://www.karti.com.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП